Свет
23. May 2016 - 13:08

Белгија го зголемува бројот на полицајците, коишто ќе следат интернет соопштенија од џихадистите

Белгиската полиција ќе ангажира 30 службеници, кои ќе ги следат и цензурираат интернет објави, коишто се разменуваат и распространуваат од разни џихадистички веб-страници, пишуваат локалните медиуми.

Тие дообјаснуваат дека досега на оваа задача работат 10 полицајци. Секојдневно во Белгија се испраќаат по 90.000 соопштенија на Твитер, поврзани со „Исламската држава" (ИД). Во земјата има 46.000 претплатници на микроблогот, коишто се означени како симпатизери на ИД, пренесува БТА.

Белгија во почетокот на годината оспособи специјален оддел во рамките на федералната полиција, којшто има задача да го следи протокот на податоци на џихадистичката пропаганда на интернет.

„Интернет патролите" имаат право да ја острануваат и менуваат содржината. Според дел од пратениците во белгиското собрание, таа дејност треба да биде сфатена како операција во тајност, а тоа бара судски налог. Министерот за внатрешни работи Јан Јамбон на тоа одговори дека дејноста на патролите е во целостсогласно законите.