Свет
16. March 2020 - 13:39

Белата куќа со нови мерки против новиот коронавирус

Белата куќа од денеска воведува нови мерки со цел да го заштити претседателот Доналд Трамп и неговиот персонал за време на епидемијата со новиот коонавирус, меѓу кои и мерење на телесната температура на секој кој ќе влезе во комплексот, од посетители до новинари.

Новите мерки се продолжување на скринингот, што почна во саботата, за секој што ќе дојде во близина на Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, кој го предводи тимпт за борба против Ковид-19.

Вработените во американските медиуми, независно одд Белата куќа преземаат мерки за да ја ограничат изложеноста на новиот коронавирус.

Помеѓу останатите мерки што ги донесе Белата куќа е и суспендирање на стажирањето и волонтирањето, откажани се обиколките на комплексот и големите настани до крајот на март.