Свет
4. October 2016 - 8:50

Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд на САД

Белата куќа изрази разочарување од одлуката на Врховниот суд да не ги слушне аргументите на администрацијата на претседателот Барак Обама во настојувањето да го спаси планот со кој милиони илегални мигранти ќе бидат заштитени од депортирање.

Според планот на Обама, околу четири милиони луѓе кои илегално живеат во САД најмалку од 2010 година, немаат криминално досие и имаат деца кои се американски државјани или имаат законски постојан престој, би биле заштитени од депортирање и би добиле работна дозвола.

Врховниот суд кон крајот на јуни оваа година бил поделен во одлуката со четири гласа „за“ и четири „против“, поради што на сила останува пресудата на понискиот суд од 2015 година, кој ја отфрли извршната уредба на претседателот Обама.

Со оваа пресуда Врховниот суд потврди дека Обама ги пречекорил своите овластувања со едностраната одлука, со која се обидел да го избегне Конгресот, каде мнозинството го имаат републиканците.