Белата куќа препорача Американците да носат маски во пандемијата
Брикс, меѓутоа, ги предупреди Американците, на кои им се препорачува да излегуваат само доколку навистина имаат итна потреба, дека не смеат да развијат „лажно чуство на сигурност“ дека маските целосно ќе ги заштитат од болеста на дишните патишта, со тоа што ќе им го прекријат лицето.
И шефот на Штабот за превенција на коорнавирусот, потпретседателот Мајкл Пенс, на брифингот во Белата куќа изјави дека мерката за носење маски ќе биде донесена најдоцна за неколку дена, јави ДПА.
Претседателот Трамп, пак, одговарајќи на новинарско прашање на истиот брифинг, кажа дека „ луѓето можат да носат маски само ако тоа го сакаат“.
Бројката на жртви од коронавирусот во САД до доцна синоќа изнесуваше 5.887 лица, а на заразените во сите 50 сојузни американски држави надмина 243.000 лица.
Проценките на здравствените експерти на Белата куќа е дека дури во САД и да се воведе целосен карантин од Ковид-19 ќе умрат меѓу 100.000 и 240.000 лица
Администрацијата на Трамп и службите за јавно здравје досега ја отфрлаа нужноста за носење маски, тврдејќи на почетокот дека за здравите лица таквите мерки се непотребни, па дури и контрапродуктивни.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација