Белата куќа подготвува Г-7 самит со лично присуство на лидерите
САД го поместија датумот на самитот на лидерите на Г-7 за крајот на јуни. Ова денеска го изјави Роберт О’Браjaн, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.
Лидерите на најразвиените светски економии „би сакале да излезат од своите кабинети и да се сретнат лично за да го планираат светот по Ковид-19“, на самит кој Трамп планира да го одржи во САД при крајот на јуни.
Првично, сребата на лидерите од Групата седум најразвиени економии требаше да се одржи во Кемп Дејвид во Мериленд од 10 до 12 јуни. Но претседателот беше принуден да го откаже поради пандемијата и беше планирано лидерите да се состанат преку видео врска.
О’Браjaн изјави дека тоа ќе биде одлична шанса лидерите да одлучат да ги отворат своите економии и „сите заедно да се обидеме да излеземе од оваа здравствена криза, и да донесеме здравје и просперитет за нашите народи“.
Според него, во Белата куќа планираат самитот да се одржи при крајот на јуни, а засега повеќето од лидерите одговориле потврдно на испратените покани.
– Секој ќе биде тестиран. Ако дојдат лидерите ќе обезбедиме заштита, изјави тој.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители