Свет
21. January 2016 - 8:36

Белата куќа одобри воздушни напади на Пентагон врз позиции на Исламска држава во Авганистан

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама врз Пентагон пренесе надлежности за изведување воздушни напади врз терористите од Исламска држава на територијата на Авганистан, информира синоќа весникот „Вашингтон пост“, цитиран од ТАСС. 

„Новите правила за водење борбени дејствија, што беа донесени минатата недела, на воената команда во Авганистан и одобруваат да изведува воздушни напади како врз џихадистите од ИД така и врз екстремистите од терористичката мрежа Ал Каеда“, пишува весникот, цитирајќи извор од американското Министерство за одбрана.

Американската војска досега имаше одобрение да изведува авионски напади во Авганистан само во три случаи - при одбрана на странски вооружени сили, при поддршка на авганистанските владини сили, како и врз позициите на Ал Каеда и нејзините локални гнезда.

Пред една година САД и другите земји од НАТО го прогласија „завршувањето на мисијата на своите војници во Авганистан и контролата за ситуацијата во земјата и ја предадоа на националната армија и локалните безбедносни сили. Оттогаш американските војници и офицери не учествуваат во воените дејствија против талибанците. Нивна задача е да даваат помош за подготовка и снабдување на авганистанските вооружени сили, а, исто така, и да ги поддржат контратерористичките операции против остатоците од Ал Каеда и нејзините поддржувачи“.