Свет
1. September 2017 - 8:40

Белата куќа ќе побара од Конгресот 5,9 милијарди долари за штетите од „Харви“

Белата куќа има намера да побара од американскиот Конгрес првично 5,9 милијарди долари за помош на загрозените од ураганот „Харви“, пренесуваат американските медиуми.

Предлогот на Трамп, за кој тој се консултирал со високи функционери на својата Републиканската партија, е само првиот од серијата финансиски пакети, коишто по својот вкупен износ би можеле да се споредат со оние од 2005 година за помагање на жртвите на ураганот „Катрина“. Штетите тогаш ги чинеа САД над 100 милијарди долари.

Претставник на администрацијата изјави дека планот ќе биде доставен денеска во Конгресот, а на гласање веројатно ќе биде ставен идната седмица.