Балкан
7. July 2015 - 9:57

Белата куќа: Грција и ЕУ треба да изнајдат компромис

Белата куќа апелира до Грција и до лидерите на Европската унија да пронајдат компромис и да ја задржат Атина во еврозоната.

- Референдумот е завршен, но ставот на Белата куќа останува ист. Тоа е на Европа да го реши, изјави портпаролот Џош Ернест.

Тој наведе дека претставниците на ЕУ и Грција треба да постигнат договор за „пактот реформи и финансирањето кое би и овозможило на Грција да биде на патот на одржлив долг, но и на економски раст.

- Тие треба да и овозможат на Грција да остане дел од еврозоната, истакна Ернест.