Свет
26. April 2017 - 8:36

Белата куќа го постави Рандолф Алес за директор на Тајната служба на САД

Белата куќа денеска го постави пензионираниот генерал-мајорот маринецот Рандолф Алес за нов директор на Тајната служба на САД. 

Алес беше во маринците 35 години, а беше и заменик комесар на граничната и царинската заштита. 

Тој го наследи Џосеф Кленси, кој по вторпат се пензионираше во март. 

Алес ќе се соочи со безбедносни проблеми, како и со проблеми од вработените. 

Минатиот месец, еден човек ја прескокна оградата и се шеташе во дворот на Белата куќа 15 минути. 

Група на поранешни владини претставници, која изврши увид во Тајната служба на САД во 2014 година, ја прогласи за незаинтересирана и предложи да ја води некој од надвор. 

Поставувањето на Алес за директор го продолжува трендот на претседателот на САД Доналд Трамп, на највисоките безбедносни позиции да назначува пензионирани генерали.