Бела куќа: Русија ќе биде во фокусот на форумот на НАТО

Русија ќе биде во фокусот на претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи на 14 јуни, соопшти синоќа Аманда Слоут, виша директорка за Европа во Советот за национална безбедност, зборувајќи за време на видео конференција во Центарот за нова американска безбедност.
– Претседателот на САД Џо Бајден ќе ја потврди нашата силна посветеност кон Алијансата и Членот пет за колективна одбрана. На состанокот ќе се дискутира што треба да се направи за да се исполнат постојните и новите предизвици. Русија очигледно ќе биде во фокусот на овие дискусии. НАТО ќе ја потврди нашата основна мисија за одвраќање и одбрана, рече таа
Меѓу другите предизвици, портпаролката на Белата куќа ја именуваше Кина. – Лидерите ќе разговараат за потребата да се одговори на стратешкиот предизвик од страна на Пекинг за нашата колективна безбедност. Кибер-безбедноста добива сè поголемо внимание кај членките на НАТО во контекст на засилување на политичко-воените и техничките напори на Алијансата за спротивставување на кибер заканите, појасни Слоут.
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена
-

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
