Џет-Сет
24. April 2018 - 16:46

Беквалац се соблече да ги покаже и другите модрици – ова сигурно не е од масажа

Уште многу ќе се пишува и слуша за случајот на пејачката Наташа Беквалац и нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ кој таа го обвини дека физички ја нападнал.

Тој постојано ги негира обвинувањата и се става како жртва во целата ситуација. Тој за медиумите изјави дека модриците кои Наташа ги има се од анти-целулит масажа, но јасно дека дека тоа не се прави на лицето.

Српски Блиц, објави фотографии на кои Наташа ги покажа модриците и на друг дел од телото кои и тоа како се темни и укажуваат дека не се настанати од било каква масажа.

Денес е сослушувањето на суд, а што ќе се случи и каков ќе биде исказот , останува да видиме…