Бектеши: Се подобрува состојбата во економијата, обезбедени 50 милиони евра за петтиот пакет мерки
Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва посочи дека се обезбедени 50 милиони евра за петтиот пакет мерки, и оти ќе бидат таргетирани секторски, каде има поголемо влијание од ковид-19 во делот на намалувањето на приходите и отпуштање на работници.
-Обезбедивме 50 милиони евра и моментално ги дизајнираме мерките и тие ќе бидат таргетирани секторски каде имало поголемо влијание од ковид-19 во делот на намалувањето на приходите на отпуштање на работници. Тоа ќе го направиме заедно со стопанските комори со сите засегнати страни, рече Бектеши во гостување на ТВ 24.
Тој потенцираше дека ќе ги собираат сите предлози кои доаѓаат во различни институции, вклучувајќи го и Министерството за економија и на почетокот на февруари согласно плановите, ќе излезат со тие мерки за да се реализираат. Како што рече, се подобрува состојбата во однос на економијата.
Во однос на вакцинацијата Бектеши посочи дека таа ќе влијае врз економијата и динамиката на опоравување, но истовремено според него треба да се земе в предвид и вакцинацијата во другите држави со кои земјава остварува трговски врски.
Министерот додаде дека со задоволство ќе ја прими вакцината, иако, како што посочи, има антитела по прележаниот Ковид 19.
Ново на Сител
-
Нема повредени патници во сообраќајната незгода кај Шумарски факултет
-
Наредена евакуација на аеродромот во Франкфурт поради закана со огнено оружје
-
Пет лица загинаа во пожар во дрвена колиба во Норвешка, од нив четири деца
-
Oние кои прележале Ковид-19 засега не треба да се вакцинираат, вели Филипче
-
За енергетска ефикасност 52 милиони денари преку повеќе мерки
-
Филипче: Здравствениот систем е подготвен за вакцинација
-
Филипче: Офталмологија и оторинголарингологија почнуваат со редовна работа
-
Македонија против Египет го доживеа најтешкиот мундијалски пораз