Македонија
11. May 2021 - 12:04

Бектеши: Организирање на свадби кон крајот на мај или почетокот на јуни

Министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостувањето во ТВ 21 рече дека на крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави.

Вели дека доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче претходно денеска истакна дека знаците за стивнување на овој бран, им дале право за дополнително олеснување на рестрикциите.

Сепак, тој вели дека може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари но не и свадби.