Бизнис
1. April 2023 - 16:39

Бектеши најави замрзнување на цената на овошјето и зеленчукот, од денеска намалена и замрзната цена на хигенските производи

Пред Велигден и Рамазан Бајрам ќе замрзнат цените на повеќе видови овошје и зеленчук. Министерот за економија информираше дека анализите се завршени, а ќе бидат опфатени над 10 производи. Податоците покажале  дека трговците во март на овие продукти имале маржа и до 200 посто. Бектеши смета дека ова било претерано, иако трговијата со овошје и зеленчук е поспецифична поради пократкиот рок. Тој уверува дека нема да има недостиг од овие производи, а дополнително ќе се прецизира кога ќе поевтинат.

  • Нашите информации се дека до крајот на април и почеток на мај ќе се зголеми домашното производство и секако дека тоа ќе влијае позитивно.Министерството за економија во соработка со другите институции на дневна база ги следи сите случувања во делот на цените и ќе го направиме најдоброто во интерес на потрошувачите и на граѓаните посебно во месецот на Рамазан и во пресрет на Велигденските празници, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Од денеска треба да се применува одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи, кои поевтинуваат за 13 проценти. Претходно, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, а цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.