Бизнис
15. July 2019 - 8:13

Бектеши на Втората ревизија на трговската политика во седиштето на СТО

Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до 17 јули ја предводи делегацијата од Република Северна Македонија на Втората ревизија на трговската политика во седиштето на Светската трговска организација во Женева, во која нашата земја е членка од 2003 година.

За време на посетата предвидени се билатерални средби на министерот Бектеши со Роберто Азеведо, генерален директор на СТО, Изабел Дурант, заменик генерален секретар на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) и со амбасадорот Дагфин Сорли, постојан претставник на Норвешка во СТО и ЕФТА.