Македонија
7. October 2022 - 16:45

Бектеши на преговори во Белград, работодавачите очекуваат одговорен однос од државата

Министерот за економија Бектеши, заедно со првиот човек на ЕСМ, Ковачевски и енергетскиот советник Андоновски денеска на прв состанок со еден од посочените контакти од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Според извори на Сител од владата средбата е во Белград. Од кабинетот на министерот велат дека во текот на денот ќе нема информација за исходот од состанокот. Она што засега се знае е дека преговорите се за набавка на природен гас, а од македонска страна ќе бидат презентирани потребите и количините, вклучувајќи го и ТЕ-ТО. Очекувањата се дека компанијата ќе даде конкретни предлози кои подоцна ќе треба да одат на разгледување. До крајот на неделава треба да биде остварен уште еден состанок со посочена фирма од опозицијата, за набавка на мазут.

Во меѓувреме, додека се чека на нов пакет анти-кризни мерки, економската криза во држвата се продлабочува. Од конфедерацијата на работодавачи бараат конкретна владина помош, а за најавите дека од 30 до 50% од вработените ќе останат без работа ги оценија како опасна претпоставка.

„Сметам дека Министерството за труд и социјална политика и Владата нема да си дозволат околу 350. 000 вработени да останат на улица и да бидат социјална категорија, на социјална помош. Тоа не може да си го дозволи државата, а сметам дека не може да си го дозволи ни самото стопанство, бидејќи поголемиот дел од компаниите во Македонија се одржливи и на долг рок, изјави Миле Бошков, претседател на конфедерација на работодавачи

Контролите на УЈП, пак, откриваат дека илјадници работадавачи се уште немаат исплатено плати за месец август, а голем е бројот и на оние кои земаат плата помала од загарантираниот законски минимум.

„Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници. Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминуваме овие појави.“ – Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Владата неколкупати го пролонгира терминот за објава на новите анти-кризни мерки. Според најавите, државната помош ќе биде соопштена најдоцна до среда.