Бектеши на инвестициски форум „Кина-Централна и Источна Европа“ во Прага
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре ќе учествува на инвестицискиот форум „Кина – Централна и Источна Европа“, кој се одржува во Прага.
Како што најави Министерството за економија, Бектеши ќе ги претстави можностите за соработка и инвестирање во Македонија на панел дискусијата за индустрија, енергија и нови технологии.
Учесниците на форумот, политички претставници, бизнисмени и инвеститори од Чешката Република, од НР Кина и од останатите земји од Централна и Источна Европа, ќе говорат за енергетиката, финансиите, индустријата, образованието, здравството, новите технологии, електронската трговија и туризмот.
Инвестицискиот форум е под покровителство на претседателот на Чешката Република Милош Земан и премиерот Бохуслав Соботка, а во организација на Чешко-кинеската комора за соработка и Економскиот центар за соработка во Кина.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс