Македонија
22. јуни 2018 - 8:28

Бектеши на Форум за одржливост во Виена

Министерот за економија Крешник Бектеши учествува на Форумот за одржливост во Виена, на кој како претседавач со Енергетската заедница за 2018 година ќе ги даде завршните забелешки од панел дискусијата за енергија и климатска политика по 2020 во ЕЗ и пленарните сесии посветени на употребата на чиста енергија и регионалните иницијативи за побрза транзиција кон овој вид на енергија.

Утре министерот Бектеши ќе учествува на неформалниот Министерски состанок во Вахау, Австрија.