Македонија
1. July 2019 - 19:26

Бектеши: Министерството за економија не е вклучено во шверцот со тутун

Не е точно дека министертвото за економија на било каков начин учествувало во увозот на нелегален тутун. Министерот Бектеши ги отфрли обвинувањата  на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми дека во шверцот со нелегалниот тутун во земјава е вклучено  министертвото  со кое тој раководи. Бектеши тврди дека неговата институција не издава дозволи за увоз на тутун и други производи од тутун,  туку само ги запишува во посебен  регистарот сите компании кои се дел од оваа гранка.

„Министерството за економија не дава никакви дозволи или лиценци за увоз на тутун или тутунски производи. Има разлика помеѓу тутун и тутунски производи. Што се однесува до увозот на тутунски производи министерството за економија согласно законот само ги упишува компаниите во регистарот кои се занимаваат со увоз – извоз или производство на тутунски производи. Но понатаму нема надлежност во контролата на квалитетот бидејќи тоа го прави Земјоделскиот инспекторат. Засега ниту еден службеник од моето минисетрто не е повикан на разговор во обвинителството“ посочи Бектеши на брифинг пред новинарите.

Минатата недела во заедничка  акција на финансиската полиција и царинската управа  во скопско село Љуботен беа запленети 12 тони тутун од сортата Вирџинија  која според надлежните незаконски е внесена во земјава.

На овој начин  на буџетото му е нанесена штета од над 7 милиони евра.

Во акцијата беа одземени и картонски кутии за складирање на тутнот и машини за негово редење.

Жителите од Љуботен пак  тврдат дека не се работи за нелегален тутун и дека за него ги имаат потребните договори со откупните компании. Обвинија дека државата им го одзела еднинствениот извор за егзистенција.