Бизнис
8. April 2020 - 16:38

Бектеши контра угостителите - ВМРО-ДПМНЕ со 8 предлог мерки за нив

Министерот Бектеши контра угостителите. Тврди дека не се точни нивните тврдења дека не им требаат владините мерки за поддршка затоа што ќе ги отпуштат работниците. Бектеши вели дека за мерките на Владата има голем интерес и затоа фондот на средстна во Банката з аразвој е надоплнет со 8 милиони евра. Угостителите вчера тврдае дека 15.000 работници од секторот се веќе одјавени зата што Владата не му излегла во пресрет на овој сектор.

Од друга страна, опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска достави 8 предлози за помош на секторот впо кој работат над 30.000 лица. Опозицијата бата Владата да плати половина од бруто платата за секој вработени во март, април и мај. Оние кои се под кирија кај ЈП да бидат ослободнеи од плаќање закуп за овие три месеци, а оние кои плаќаат кирија на приватници да с енјаде начин да плаќаат половина од сумата. На бидат олсободени од плаќање закуп за тераси за цела сезона 2020, а давачките кон државата и режиските трошоци да бидат одложени до октормви годинава, а потоа да се плаќаат на рати без камата. Позицијата бара намалени критериуми и побрзо обезбедување на документите за угостителите за аплицирање за влаидните мерки.

Инаку, денеска Развојната банка ја достави до Владата првата информација за обаработените кредитни апликации за фирмите кои исполнуваат услови за бескаматни креидти. Побарание се кредити во вредност од 1,2 милиони евра за 136 микро, мали и средни фирми со вкупно 1737 вработени.