Македонија
17. October 2021 - 22:25

Бектеши: ДУИ води во речиси сите општини каде има свои кандидати за градоначалници

Во над 90 отсто од општините каде ДУИ има кандидати за градоначалници, нашите кандидати се или веќе градоначалници уште по првиот круг или одиме со убедливо водство во вториот круг, изјави вечерва Крешник Бектеши од ДУИ.

„Кандидатите на ДУИ убедливо водат во Липково, Арачиново, Чаир, Сарај, победа во прв круг, Желино, Теарце, Тетово, Струга, Боговиње, Врапчиште, Кичево, Струга, Пласница, водство на советничката листа во Куманово...“, изјави Бектеши.