Бизнис
18. December 2018 - 19:36

Бектеши: Доцна е за измени или одлагање на законот за пазари

Законот за зелените пазари ќе се применува од Нова година и покрај барањето на пазарџиите за негово одлагање. Министерот Бектеши вели дека   забелешките од  стопанската комората  се задоцнети.

Законот е веќе донесен  и нема време за промени во текстот.  

Допрва треба измените да се достават до Собранието,  но со оглед дека тоа е пренатрупано со работа тешко дека било кој закон би поминал до крајот на јануари.  Сепак тој ќе има состанок со претстваниците од комората на кој ќе се разговара за нивните забелешки.

Од стопанската комора вечра побараа законското решение да биде одложено.  Затоа што со него се забранува на пензинерите и вработнеите да имаат тезга на пазар. 

Со тоа за 30 отсто би се намалил и бројот на продавачи и прометот на пазарите. Проблем за нив е и воведувањето на лиценци за закуп на тезги.

Во земјава има околу 25 илјади пазарџии, но сеуште е голем брјот и на дивите продавачи.