Бектеши: До крајот на годинава ќе останат проекциите на Министерството за финансии за падот на БДП
Верувам дека до крајот на годинава ќе останат проекциите на Министерството за финансии за економскиот пад и покрај вчерашните прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека нашата економија годинава ќе бележи поголем пад на БДП од проектираниот, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Што се однесува до проекциите на ММФ за економскиот пад јас верувам дека проекциите на Министерството за финансии ќе останат до крајот на годината. Македонија веќе е пред усвојување на четвртиот сет економски мерки, а податоците што ги добиваме од Министерството за финансии покажуваат дека првите три сетa мерки биле успешни, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Ако правиме споредба со државите во регионот, посочи, мислам дека некои веќе го реализираат вториот или првиот сет економски мерки.
-Со стопанските комори уште еднаш ги потврдуваме нивните предлози што се прифатени од страна на Владата, како и сите предлози што се доставени и од институциите, посебно институциите од економскиот сектор. На таков начин заеднички ќе ги потврдиме мерките од четвртиот сет и сум убеден дека на почетокот на наредната недела ќе почнат и да се реализираат и ќе помогнат за заживување на стопанството, рече Бектеши.
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино