Бектеши: Буџетот на Министерството за економија за 2021 година ќе изнесува 826 милиони денари
Буџетот на Министерството за економија за 2021 година е предвидено да изнесува 826 милиони денари од кои 130 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капитални расходи, а 190 милиони денари за субвенции, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, во 2021 година е предвидено да се реализираат сите програми и мерки на Министерството за што се предвидени 47 милиони денари за програмата за енергетска ефикасност, 13 милиони за за субвенции за приватни претпријатија, 50 милиони за поддршка на претприемништвото, 13 милиони денари за субвенции за вградување на уред на погон на ТНГ метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, 140 милиони за изградба на гасоводната мрежа, а ќе продолжи и поддршката за домашниот туризам.
-За разлика од годинава кога целиот наш Буџет го насочивме кон поддршка на најпогодените сектори во економијата, но и најпогодените граѓани од пандемијата со Ковид-19 во следната 2021 година се очекува опоравување на целиот свет од кризата, а такви се и нашите проекции. Нашите очекувања се дека со Буџетот за 2021 година ќе се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепнат одредени дејности, да се обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да се обезбедат политики кои и понатаму ќе помогнат за спроведување на брза излезна стратегија со цел продолжување со позитивните трендови на македонската економија, рече Бектеши.
Тој нагласи дека главни приоритети на Министерството за економија се создавање на услови за развој на индустријата, развивање на претприемништвото, креирање и интеграција на единствен пазар во ЕУ, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, како и развој на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово