-->
-->
Бекер: Не сум останат без пари
-->
Поранешниот најдобар светски тенисер Борис Бекер ја потврди информацијата дека од пред неколку месеци е банкрот, односно дека на приватна британска банка и должи 3,5 милиони долари. Но, тој напомена дека сепак неговите компании не се директно вклучени во тоа.
- Вистина е дека од 21.јуни сум во процес на банкрот, но погрешно е да се каже дека сум „скршен“. Во моментов се води стечаен процес против мене, но моите компании не се директно погодени со тоа. Имаме различни видувања за вкупниот износ на долгот. Моите адвокати подолг период се обидуваат да го решат проблемот со банката. Не сум останат без пари и немам објавено целосен банкрот. Можам да си платам хотел во Цирих, такси, и слично изјави Бекер.
Улогата на тренер на Новак Ѓоковиќ беше една од последните активности на Бекер во тенисот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје