Loading Video...
Свет
5. August 2020 - 16:44

Бејрут како после војна - 100 загинати, 4.000 повредени, стотици илјади срушени домови

Најмалу 100 луѓе загинаа а повеќе од 4 илјади се повредни во стравичната експлозија на пристаништето во Бејрут која се случи вчера. Делови од либанскиот град се срамнети со земја, разурнати се десетици згради а околу 300 илјади жители останале без своите домови.

Пустош остави зад себе експлозијата во Бејрут. Спасувачки екипи се уште трагаат по исчезнати лица.

Либанските власти најавуаат детална истрага за екслопзијата која Бејрут го срамни со земја. Велат виновцните ќе одговараат за несреќата.

Според гувернерот на Бејрут кој за медиумите зборува низ солзи вели дека последиците од експлозијата се катастрофални.

Од Македонското министерство за надворешни велат дека македонски државјани засега не побарале помош од конзуларните претставништва во Доха, Каиро и Абу Даби.

„До овој момент не се пристигнати информации за евентуално засегнати граѓани на Република Северна Македонија. Ниту еден граѓанин на Северна Македонија кој би можел да се наоѓа во Либан не се обратил до МНР, а во случај на потреба од помош да се јават во дежурниот сервис“, велат од министерството за надворешни.

Од министерството за одбрана велат дека тројцата македонски војници кои се дел од мисија на обединетите нации во либан се сместени надвор од Бејрут на безбедна локација.

Експлозијата се случи вчера попладне и според либанските власти била предизвикана од несоодветно чување на скоро 3 илјади тони амониум нитрат кој се користи за правење експлозиви, полнење гранати но и за производство на вештачко ѓубриво. Се претпоставува дека соединението бил сместено на пристаништетот од 2013-та година.