Бејли: Иванов повторно да ја разгледа одлуката, соседите да покажат воздржаност
Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска го повика претседателот Иванов повторно да ја разгледа вчерашната одлука за недавање на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање нова влада. Истовремено Бејли ги повика и соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на политичка чувствителност во земјата.
- Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна почит кон македонскиот суверенитет и единство го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука. Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на чувствителност во земјата, изјави Бејли во кусата изјава.
САД, како што кажа Бејли, се разочарани од вчерашната одлука на претседателот Иванов, кој одби им да даде можност на претставниците кои имаат јасно мнозинство да формираат нова влада. - Ова не е во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, кои се основни вредности и на НАТО, на пример, рече американскиот амбасадор.
Исто така тој потсети на ставот на Стејт департментот искажан во вторникот.
Бејли не сакаше да одговара на новинарски прашања по што се упати на средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија Семуел Жбогар и со амбасадорите на другите земји - членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Приватните лекари со најголем инетрес, вработените во јавното здравство трети на листата испитаници кои би примиле вакцина
-
Вработена во ЈСП обвинува за мобинг, притисоците започнале откако си ги побарала своите права
-
АСОМ: Законските измени ќе ги затворат обложувалниците и 8.000 работници ќе останат на улица
-
Општата болница и здравствениот дом во Прилеп ќе функционираат како една установа со проширена дејност
-
Невладиниот сектор обвинува за некоординирана постапка по забелешките од УНЕСКО
-
,,Здрав живот‘‘ во борба за враќање на еколошкиот статус на Кочани
-
Приведени двајца скопјани за криумчарење на мигранти
-
Масовни протести во Русија - Полицијата апси демонстранти кои бараат слобода за Навални