Бејли: Иванов повторно да ја разгледа одлуката, соседите да покажат воздржаност
Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска го повика претседателот Иванов повторно да ја разгледа вчерашната одлука за недавање на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање нова влада. Истовремено Бејли ги повика и соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на политичка чувствителност во земјата.
- Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна почит кон македонскиот суверенитет и единство го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука. Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на чувствителност во земјата, изјави Бејли во кусата изјава.
САД, како што кажа Бејли, се разочарани од вчерашната одлука на претседателот Иванов, кој одби им да даде можност на претставниците кои имаат јасно мнозинство да формираат нова влада. - Ова не е во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, кои се основни вредности и на НАТО, на пример, рече американскиот амбасадор.
Исто така тој потсети на ставот на Стејт департментот искажан во вторникот.
Бејли не сакаше да одговара на новинарски прашања по што се упати на средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија Семуел Жбогар и со амбасадорите на другите земји - членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација