Бејли: Исполнувањето на договорот силно ќе ја придвижи Македонија кон НАТО и ЕУ
Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го поздрави договорот што го постигнаа партиските лидери за надминување на политичката криза во Македонија.
- Македонија победи. Сакам да ги пофалам лидерите што постигнаа договор синоќа и ги ставија граѓаните пред политичките интереси на партиите. Самиот договор ќе значи многу работа и исполнувањето на одредбите од тој договор ќе значи дека Македонија силно ќе се придвижи кон НАТО и ЕУ, изјави Бејли по предавањето на донацијата од САД за македонското МВР.
Ве уверувам, рече тој, дека САД заедно со нашите партнери ЕУ и ОБСЕ ќе бидат заедно за да помогнат во напредокот на Македонија.
Бејли ги поздрави напорите на еврокомесарот Хан и на сите други од ЕУ за да и помогне на Македонија да ги надмине проблемите и да зачекори напред.
Американскиот амбасадор Бејли им се заблагодари и на новинарите кои во текот на вчерашниот ден со часови чекаа резултати од работата и потенцира дека медиумите се битен чинител во овој процес.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс