Македонија
20. January 2016 - 16:16

Бејли ги повика сите партии да учествуваат на изборите

Американската амбасада ги повика сите партии да учествуваат на изборите закажани за 24 април, како единствен начин да се унапредат институциите и да се осигура кредибилитетот на процесот

Амбасадорот, Џес Бејли, својто став за најновата политичка ситуација во Македонија го пренесе на твитер, потенцирајќи дека иако времто е краток, сепак САД ќе продолжат да ја поддржуваат подговотвата на изборите, пред се работата на државаната изборна комисија.

- Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на изборите, пред се работата на државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и во другите области.

Времето е кратко. Апелираме до сите партии и организации да учествуваат во изборите, тоа е најдобар начин да се унапредат институциите и да се осигура кредибилен процес, напиша Бејли на твитер.

Неговиот став е дека несмее да има напуштање на договорот од Ппржино, особено кога се направени значајни исчекори во неговата релаизација.

-Имплементацијата на договорот од Пржино е од суштинско значење за продлабочување на евро-атлантската интеграција на Македонија, нешто што Соединетите држави силно го поддржуваат.

Оставката на Премиерот е клучен чекор во тој процес. Исто такво значење имаат и кредибилните избори, вели американскиот амбасадор.

Соединетите држави ќе го следат напредокот во овој процес, а Бејли вели дека ќе прават и свои проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и останатите тела.