Македонија
26. April 2018 - 16:51

Бејли, Гарет и Пломп го чистеа скопското ѓубре, Шилегов вели дека ја примил пораката

Со ракавици на рацете и ќеси за ѓубре, американскиот, британскиот и холандскиот амбасадор во земјата собираа отпадоци од кејот на Вардар. Ги засукаа ракавите и со тоа испратија порака дека сите мора да дадат свој придонес во намалување на загадувањето.

-Единствен ефикасен начин за трајно надминување на овој проблем е повеќе работа, посветеност и соработка меѓу јавниот сектор, компаниите и граѓаните. Со нашиот денешен ангажман сакаме да покажеме дека секој од нас може да даде личен пример за другите и да го поттикне решавањето на кој било проблем“, изјави  Ваутер Пломп, амбасадот на Холандија

-Чарлс Герет, амбасадот на Велика Британија

Ѓубре покрај клупите за седење, отпад и по патеките за рекреација. Тоа беше сликата на кејот пред почетокот на акцијата. Стотината волонтери заедно со амбасадорите се фатија за работа и упатија апел до сите да научат каде е местото за отпад ако сакаат здрав живот.

 -Не смее да има отпад на кејот. Мора да имаме чиста животна средина и затоа е неопходно да се подигне свеста кај граѓаните, велат волонтери

Организаторите на кои ова им е трета по ред еко акција најавија соодветно рециклирање на собраниот сув отпад од двете страни на кејот на Вардар.

- Преку ваквите еко-акции сакаме да упратиме порака и апел кон останатите компании и целото општество дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за следните генерации“,“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

--Постојат субјекти кои пуштаат отпад на пазарот, а не учествуваат во финансирањето на системите за негово собирање и рециклирање, ниту ѝ плаќаат на државата за тоа, со што директно го оштетуваат буџетот и животната средина. Тоа е јасен показател каде треба да се бараат решенијата. Товарот и одговорноста за решавање на проблемите мора да го понесат сите“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За скопскиот градоначалник денешната акција е порака до него и најави дека посебна бригада од 35 вработени ќе биде ангажирана за чистење на кејот.

--Традиционалните акции што ги организира Холандската амбасада се одвиваат веќе три или четири години на неколку локации во Република Македонија. Овој пат е опфатен и кејот на реката Вардар во Скопје. Чувствувам дека тоа е порака и до мене како градоначалник и до вработените во ЈП „Комунална хигиена“, но и до сите нас коишто сме граѓани на Скопје бидејќи отпадот го создаваат луѓето, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

-  Кејот на Вардар не треба да биде чист само денеска туку постојано. По патеките за шетање не смее да има шприцеви, игли и стакло и ѓубрето да завршува во кантите за отпадоци. Мора да се подигне свеста за здрава животна средина.