Фудбал
8. October 2020 - 10:32

Бејл го одржа првиот тренинг по враќањето во Тотенхем

Напаѓачот Герет Бејл учествуваше на тренингот на Тотенхем одржан вчера. Триесет и едногодишниот Велшанец тренираше со своите нови соиграчи за прв пат откако се врати од Мадрид.

Бејл се пресели во Тотенхем од Реал кон средината на септември, но пропушти неколку недели поради повреда.

Тренерот на Спарс, Жозе Мурињо, очекува Бејл да му биде од голема помош и заедно со капитенот Хари Кејн и Сон, да бидат носители на играта.

Бејл од 2007 до 2013 беше дел од Тотенхем од каде замина во Реал.