Живот
30. August 2015 - 20:15

Бегалски очај: За оваа фотографија не се знае ништо, но таа говори се!

Свадбена фотографија испаднала на некој од многуте мигранти кои ја минале бодликавата жица на границата помеѓи Срвија и Унгарија. На фотографијата се гледаат две насмеани лица кои немаат претстава што ги чека во иднина.
 
Тажно е што фотографијата која преживеала војна, поминала километри и километри пеш низ Медитеранот, дожд и кал, сега е изгубена.
 
Луѓе од различни професии, богати и сиромашни, сведочат за ужасите на војната и не знаат што ќе биде со нив во иднина.
 
Сепак со себе носат спомени кои им се поважни од сето тоа, како оваа за жал изгубена слика.