Балкан
22. March 2016 - 10:55

Бегалската криза може да ги зголеми финансиските проблеми на Грција

Бегалската криза може да ги зголеми финансиските проблеми на Грција и да ја чини земјата околу четири милијарди евра годишно, тврди британската банка НСБЦ.

Затворањето на т.н. „балканска рута“ значи дека сега на грчките граници се блокирани околу 50.000 бегалци.

Еден од најголемите финансиски проблеми за Грција се очекува во јули годинава, кога ќе треба да се изврши плаќање на долгот од над три милијарди евра на ЕЦБ и ММФ.

Тоа се совпаѓа со истиот период од минатата година кога бегалскиот бран го достигна врвот. Ако тоа се повтори и оваа година во јули тогаш ќе предизвика големи проблеми, се наведува во анализата на британската банка.