БЕГАЛКА
Нефес имала само 16 години кога била омажена за богатиот наследник и бизнисмен, Ведат од кога и започнува нејзината тажна приказна од која ќе заплачете и со која длабоко ќе сочувствувате. Нејзината судбина сиве овие години била доста тешка. Затворена во конакот на семејството, живеејќи во брак во кој постојано била и физички и психички малтретирана од насилниот сопруг и ѕвер. За младата жена, единствена светла точка и надеж дека еден ден ќе се спаси од златниот кафез во кој живее е нејзиното синче.
Многупати се обидела да побегне од пеколот, но секој обид завршувал безуспешно. Но, сега доаѓа мигот кога конечно ќе може да се спаси и конечно ќе побегне заедно со своето чедо. Долга и мачна ќе биде битката на бегалката да се сокрие од оној кој цело време ќе ѝ стои зад петици. Од оној кој ќе ја бара и под дрво и под камен. Од тој од кој и сега нема да има мир и спокој. Но, за среќата на своето дете, бегалката ќе мора да се жртвува, да бега и да се крие, да сонува и да се надева, да живее со мислата дека никогаш повеќе нема да ги доживее истите кошмари.
Неверојатна приказна за една силна жена и една пожртвувана мајка. Серија која ги растрепери сите оние кои ја погледнаа и слушнаа судбината на девојката, која од робинка на немилосрдната традиција стана бегалка и борец за среќата на најмилото.
Ново на Сител
-
Шпанија освои бронза на ракометното СП 2023
-
Левица обвинува за уништување на Tиквешкото Eзеро
-
Четириесетгодишна скопјанка физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер
-
Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје
-
Грчки државјанин починал во казино во Гевгелија
-
Ливерпул испадна од ФА Купот откако прими гол во 90+2 минута против Брајтон
-
87 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
-
Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека власта е најодговорна за економската криза во која што се наоѓа Македонија