Бегалците не можат да го издржат притисокот во Саксонија
Голем број од сириските бегалци во германската покраина Саксонија размислуваат да заминат од таму затоа што не можат да го издржат притисокот врз нив. Еден бегалец е нападнат со шише додека патувал во воз, друг преживеал сериозен стрес кога непознати напаѓачи го разбудиле во 3 часот по полноќ, а една бегалка муслиманка на улица и била тргната шамијата од непознат човек, пишува порталот „Локал.де“.
Она што владините безбедносни служби го опишуваат како засилени активности од страна десничарски екстремисти во реалност значи секојденвни напади врз бегалци и нивни поддржувачи, пренесува дописникот на МИА од Берлин. Ситуацијата е најлоша во петте покраини кои што до 1989 беа дел од ДДР каде што покрај ПЕГИДА и се популарната антиимигрантска партија АФД постојат уште десетина неонацистички и екстремни десничарски групи кои се противат на политиката за прием на бегалци во земјата.
„Во германското општество секогаш постоел латентен расизам и латентен десничарски екстремизам но во ова време на движење на бегалците тие станаа поотворени“, вели Енрико Шварц лидер на локалната организација кога има помага на бегалците во градот Фрајтал.
Според него, Германците во источниот дел од земјата се поподложни на ксенофобија затоа што многу од нив се чувствувале како странци кога Германија се обединувала а сега се чувствуваат загрозени од мигрантите.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје