-->
-->
Бегалците ќе ја чинат Германија 94 милијарди евра до 2020 година
-->
Германија ќе потроши близу 94 милијарди евра за потребите на бегалците во наредниве 5 години. Со овие средства треба да се покрија трошоците за сместување, интеграција, курсеви по герански јазик и за прифат на бегалците.
Според изветајот на министерството за финансии кој што го објавува весникот „Шпигел“ бројот на бегалци кои што ќе бараат азил се движи од 600 илјади годинава, 400 илјади догодина а секоја наредна година по 300 илјади нови баратели на азил.
Само оваа година за мигрантите Германија ќе потроши 16,1 милијарда евра а предвидувањата за потребите во 2020 година се околу 20.4 милијарди евра. За споредба воениот буџет на Германија оваа година е околу 37 милијарди евра.
Според студијата направена од „Центарот за европски економски истражувања“ од Мајнхам објавена минатиот месец вкупниот трошок по германската економија од бегалската криза може да достигне 398 милијарди евра. Според студијата објавена во соработка со весникот „Цајт“ финалните трошоци ќе зависат од степенот на економска интеграција на бегалците и колку брзо тие ќе станат интгрирани граѓани на Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи