Бегај и Рама: Албанија стои покрај грчкиот народ во овој тежок момент
Највисоките претставници на албанската држава, претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама изразија длабоко сочувство за изгубените животи во несреќата во Грција и порачаа дека „Албанија стои покрај грчкиот народ во овој тежок момент“.
-Силно ме погоди трагедијата во Грција, на судирот на два воза, во која има жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите, додека на преживеаните им посакувам брзо закрепнување. Јас и Албанија стоиме рамо до рамо со грчкиот народ, наведува Бегај.
Премиерот Рама преку објава на Твитер напиша дека „Албанија ја чувствува болката на својот сосед“ и изрази сочувство до семејствата на загинатите.
-Колку е тажно да се слушнеш за изгубени животи и многу повредени во трагичната несреќа синоќа во Грција. Ја чувствуваме болката на нашите драги соседи во ваков тежок час за нивната нација и им се придружуваме во нивните молитви и сочувство до семејствата на оние, кои во оваа несреќа ги загубија животите, напиша Рама на Твитер.
Според последната информација што ја пренесе Топ чанел, во несреќата полесно е повреден еден албански државјанин, кој се наоѓал во последниот вагон на патничкиот воз. Откако му била дадена потребната здравствена услуга, во болницата во Солун, тој бил пуштен на домашно лекување.
Ново на Сител
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците