Балкан
19. November 2017 - 21:28

Бегаат како муви без глави: Див вепар направи хаос на улиците на Нови Сад

Жителите на Лиман во Нови Сад во петокот вечерта пријавија дека виделе див вепар како шета низ населбата, но сега на социјалните мрежи се појави и снимка од тоа како ова животно ги брка граѓаните низ град.

Имено, вепарот прво е виден кај касарната на Војската на Србија, од каде продолжил кон улицата Народен фронт, а последен пат граѓаните го видела кај Парк сити.

Иако и полицијата тргна во потрага, изгледа дека животното само успеа да ги исплаши граѓаните, а на снимката објавена на Фејсбук се гледа како еден новосаѓанец бега од животото како без глава.

Ова не е првпат вакви животни да го „окупираат“ Нови Сад, па така три диви свињи во септември од непознат правец допливаа од Дунав во Нови Сад и стигнаа го градската плажа Штранд.