Македонија
21. August 2020 - 16:50

Бебе старо 2 недели е најмалиот пациент заразен со коронавирус

Бебе кое било старо само две недели е регистрирано како најмалиот пациент со Ковид 19 во Македонија. Детето било примено пред еден месец во исклучително тешка здравствена состојба, на возраст од две недели, но не поради Ковид 19, туку поради компликации што детето ги добило по обрежување, објави Канал 5.

По првата помош што му била дадена на детска хирургија детето било примено на Клиниката за детски болести. Откако се стабилизирало заминало во ковид центарот во Козле и денеска е во добра здравствена состојба.