Живот
26. December 2019 - 23:07

Бебе се гушело, родителите панично влетале во полициска станица: Еве како полицаец реагираше и стана херој на денот

Вознемирена брачна двојка влетала во полициска станица во австралискиот град Перт зошто осуммесечното бебе им се гушело.

На бебето во грлото му застанала храна и не можело да дише.

Штом полицаецот Џејсон Ли тоа го видел, потрчал низ ходникот и го зел бебето в раце.

Детето внимателно неколку пати го удрил по грбот и така му помогнал.

После тоа на родителите им покажал како да го направат истото доколку повторно се најдат во слична ситуација.

Како што демонстрираше, детето треба да се држи во една рака, надолу, и да се тапка по грбот.

Сето тоа траел две минути, по што родителите ја напуштија станицата со големо олеснување.