„Бебе Готвач“ - прва македонска апликација за здрава исхрана на најмладите
Повеќе од 160 рецепти поделени по месеци, содржи првата македонска андроид апликација за здрава исхрана на најмладите - „Бебе Готвач“.
Покрај рецепти, апликацијата нуди и совети, планер за неделни мениа, како и табели за дохрана на бебињата кои ќе им помогнат на мајките при правилното воведување нови намирници за соодветната возраст на нивното дете.
„Бебе Готвач“ засега може да се преземе од Google Play Store https://play.google.com/store/
- Апликацијата ја работиме волонтерски, од љубов кон децата, мотивирани од непроценливото значење на правилната и здрава исхрана во градењето здрави деца, велат авторките на апликацијата Ирина Наков, Eлена Петковска и Весна Ѓурковска Каеска кои воедно се и администратори на фејсбук групата „Здрава храна, Здрави деца“.
„Бебе Готвач“ е програмирана од Александар Јордановски, андроид програмер, а сите рецепти и табели за дохрана се собирани од брошури за правилна исхрана на бебиња, готвачи за бебиња, искуства на други мајки, а, како што нагласуваат авторките, се е во согласност со препораките од Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца издаден од Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија, како и неговата препорака за почнување со исхрана по шестиот месец од раѓањето на бебето.
Апликацијата нуди и планер за неделни мениа кои ќе го олеснат секојдневието на секоја мајка и со кои нема да треба да размислуваат што да зготват во денот, како и кошничка за намирници со која може да се обележат намирниците во рецептите кои се потребни за набавка.
Во овој момент „Бебе Готвач“ е достапна само за андроид уреди, но нејзините креатори се надеваат дека набрзо ќе имаат можност да ја адаптираат и за ios. Планираат натамошен развој на апликацијата во насока а зголемување на бројот и информациите.
Ново на Сител
-
Во Скопје приведена мајка за запуштање и малтретирање на нејзината малолетна ќерка
-
Две малолетни лица извршиле тешка кражба во трговски центар во Скопје
-
Рама за вакцинацијата во Албанија: Досега заштитени 369 здравствени работници
-
Арсовски: Дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје?
-
Кузеска: Левица и Апасиев на социјалните мрежи споделија скандалозен пост "Децата крв ќе ви плукаат"
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 398 пациенти
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 287
-
Апасиев: Татко ми зема 200 евра пензија, а мајка ми 100 евра стечај, таман, колку на Царовска шалчето