-->
-->
Бебе го изгубило видот поради јакиот блиц на телефонот!
-->
Бебе го изгубило видот на едното око откако пријател на неговите родители заборавил да го изгаси блицот при фотографирање.
Тримесечно бебе од Кина заработило големо оштетување на видот поради фотографирање на оддалеченост од само 25 сантиметри со блиц.
Родителите набрзо по фотографирањето забележале дека со бебето нешто не е во ред па се упатиле на лекар.
Лекарите утврдиле дека бебето се здобило со оштетен вид на левото око додека видот целосно го загубило на десното око.
Силниот блиц ја оштетило макулата односно делот околу окото кој апсорбира светлина.
Макулата кај бебињата до четири години не е развиена, па поради тоа е многу осетлива на силно осветлување.
Стручњаците тврдат, дека иако децата имаат развиено реакција за затварање на очите при негативно влијание, доволна е само една милисекунда на силно осветлување да предизвика оштетување и во најлошите ситуации губење на видот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги