Живот
7. August 2018 - 14:01

Беа 17 дена заробени во пештера: Децата херои од Тајланд се вратија во училиште, еве што се случи со тренерот

Тајландските момчиња спасени од пештерата на северот од земјата се вратија денеска на училиште, објавија локалните власти.

Во училиштетпт Мае Саи Праситсарт, во покраината Чианг Раи, приредено е топло добредојде за 12-те момчиња спасени од поплавената пештера, во акција која со страв ја следеше целиот свет.

Беа облечени во училишни униформи, а од претставникот на германскиот фудбаски клуб Баерн добија и клупски дресови.

По успешното спасување од подземниот лавиринт во кој беа заробени две недели, малечките фудбалери на возраст од 11 до 16 години, недела дена се опоравуваат во локалната болница и недела дена дома.

Сите деца, со исклучок на 14-годишниот Адул Сама кој е христијанин, поминаа 9 дена во будистички манастир во знак на благодарност за спасувањето.

Нивниот тренер, 25-годишниот Екапол Чатавонг, ќе остане во манастирот уште 3 месеци.