Бизнис
6. December 2019 - 12:51

БДП со раст oд 3.6%, Заев очекувал повеќе

Бруто домашниот производ во третиот квартал пораснал за 3.6%. Ова знaчи дека продолжува позитивниот тренд во економијата откако и во претходните квартали имаше раст на БДП од 4.1 и 3.1%. Во истиот период стапката на невработеност падна на 17.1% од 17.4% во претходното тромесечие.
 
Премиерот Заев вели дека резултатите се под неговите очекувања и дека некои сектори потфрлиле. Се надева дека четвртиот квартал ќе биде подобар и прогнозата за годинава ќе се оствари.
 
"Можеме да сме задоволни, но не до крај", вели премиерот.
 
Наташа хаџиспиркоска Стефанова