Бизнис
8. March 2018 - 15:35

БДП со раст од 1,2 отсто во последниoт квартал лани

Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2017 година забележал раст од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15,6 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство од четири отсто и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1,1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 4,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,8 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,9 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11 отсто.

Во третиот квартал од минатата година БДП забележа раст од 0,2 проценти, а во вториот квартал стапката на раст на БДП беше минус 1,3 проценти, а во првиот нула.