Фудбал
12. May 2017 - 19:06

БББ требаше да го убијат Пикси, тврди полицаец!

Полицаецот Рефик Ахметовиќ за „Експрес“ открил дека навивачите на Динамо Загреб планирале да го убијат фудбалерот на Црвена звезда, Драган Стојковиќ-Пикси, во нередите кои на 13 мај 1990 година се случија на стадионот „Максимир“ во Загреб. Во нередите на стадионот пред 27 години беа повредени 193 лица, од кои 117 полицајци.
Рефик Ахметовиќ бил еден од полицајците кои тој ден биле на должност на стадионот „Максимир“.
 
„Кога малку ги ‘стегнавме’ припадниците на ‘Бед Блу Бојс’, кои од северната трибина влегоа на теренот и ги прашавме зошто дивеат, го слушнавме следново: ‘Договорот е Пикси да биде убиен!’. Сите зборуваа дека треба да се убие Драган Стојковиќ. Набргу со промената на власта, дојде и до смени во полицијата, така што никој не инсистираше да открие кој ја издал наредбата за ликвидација на Пикси“, рекол Ахметовиќ за „Експрес“.
 
Поранешниот полицаец рекол дека по инцидентот и потрагата по учесниците во него, неколкупати слушнал дека навивачите имале намера да го убијат Пикси.
 
„Зошто него? Веројатно зашто беше во ранг со нивниот миленик Звонимир Бобан, инаку во тоа време близок пријател со претседателот Фрањо Туѓман“.
 
Инаку, Ахметовиќ е полицаецот кој беше нападнат од тогашниот капитен на Динамо, Звонимир Бобан.
„Со нога ме удри по рамото и ме оттурна со рацете. Не очекував дека ќе ме нападне, во спротивно ќе заземев поинаков став. Она што е сигурно е дека не се уплашив“, дополнил Ахметовиќ.
Судирите помеѓу навивачите на „Максимир“, на 13 мај 1991 година, се сметаат за неофицијален почеток на војната која ја растури Југославија.