Македонија
5. December 2015 - 9:19

Базар на ракотворби во Јавна соба

Јавна  соба  во соработка со МАТА денеска и утре го организираат првиот предновогодишен базар во Центарот за дизајн во Скопје.

На базарот ќе се претстават производители на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети. Организаторот најавува дека целиот занаетчиски асортиман ќе биде претставен по многу поволни услови, што значи дека големиот попуст ќе биде главна   награда   за   сите  посетители.

- Веќе   подолго   време   изложени   сме   на   голем   притисок   од страна   на   занаетчиите, изработувачите на накит и модните дизајнери, да организираме настан на кој нивните производи ќе добијат централно внимание. Станува збор  за многу креативни и вешти луѓе   од   различна   старосна   структура   кои   прават изненадувачки   добри   работи   со своите   две  раце. Производите се создадени со голема умешност, многу часови работа и огромна доза на   креативност,  па   затоа   и   се   одлично   прифатени   од купувачите, велат организаторите.  

На базарот, кој ќе биде отворен од 10 до 21 часот, ќе учествуваат  20 креативци.