Фудбал
7. May 2016 - 18:14

„Баварците“ ја одбранија титулата во Бундес лигата

Фудбалерите на Баерн Минхен славеа со 2-1 кај Инголштад со што обезбедија нова титула во Бундес лигата. 

Двата гола од кој првиот од пенал ги постигна  Роберт Левандовски. Ривалот Борусија Дортмунд загуби со 1-0 кај Ајнтрахт во Франкфурт. 
 
Ова за Баерн е титула број 26 како шампион на Германија. Првата ја освоија во 1932 година, а во последно време „баварците“ се неприкосновени врзувајќи четири по ред.