Loading Video...
Кошарка
30. March 2018 - 11:27

Басконија последен патник во разигрувањето во Евролигата

Екипата на Басконија е последниот патник во плејофот на кошаркарската Евролига. 
 
Шпанскиот тим во меч од претпоследното 29.коло, го совлада директниот конкурент за осмата позиција Макаби. Басконија славеше победа со 83-72, со која сега има три недостижни победи повеќе од израелскиот тим. 
 
На останатите три средби колку беа одиграни синоќа победи забележаа гостите. Шампионот Фенербахче славеше во Москва кај Химки, Барселона го надигра Анадолу Ефес 107-83 и Армани Милано се радуваше не теренот на германскиот првак Бросе Баскет 83-78. 
По вечерашните четири средби со кои ќе биде комплетирана претпоследната рунда, како и дуелите од последното 30.коло ќе биде познат и конечниот пласман на табелата, а со тоа и паровите за плејофот. 

Пласман во разигрувањето обезбедија: ЦСКА Москва, Фенертбахче, Олимпијакос, Реал Мадрид, Панатинаикос, Басконија, Химки и Жалгирис.